16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Исчезна 34 годишната Билјана Јандреска Андоноска од Прилеп. Семејството моли за помош!

Исчезна Билјана Јандреска Андоноска, 34 годишна прилепчанка (родена 1991г. во Прилеп). Сопруга и мајка е на две малолетни дечиња, Таиса и Доротеј.  Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Нејзиниот сопруг и потесното семејство молат за помош. Сите оние кои имаат инфомрации за ова лице се молат да го информираат смејството на телфонските броеви:

075 441 485 и 078 300 822

За исчезнувањето на Билјана е информирана и полицијата. Во полицискиот Билтен пишува :”На 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А.(34), која имала здравствени проблеми.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.”

Нејзината сестра веќе споделуви фотографии на социјалните мрежи и моли за помош. На нејзината Фејсбук страна стои:

Луѓе мои помагајте Ве премолувам 😭😭😭
Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа.
Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен.
Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива

Инаку, Билјана Јандреска Андоноска, прилепчани ја познаваат како урбан лик, автор на неколку  книги на кои имаше и промоции. Обожуваше  да пишува проза и поезија, да биде дел од јавниот живот во Прилеп. Автор е на вкупно три книги – „Вистинска љубов“ – тинејџерски љубовен роман (напишан 2007, објавен 2013г., промовиран јуни 2014г.), „Предигра низ песна“ – збирка поезија (2014г.) и „Секунди на љубов за памтивек“ – налик на интимен љубовен дневник во поетска проза (напишан 2015г., промовиран 2019г).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ:ТРИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ЌЕ „ЗАЖИВЕАТ“ ВО ПРИЛЕП

(ВИДЕО)Пиво Фестивал 2025 – тридневна забава со вкус на пиво, скара зачинета со хумор

Во населбата Жабино маало традиционално чествување на празникот Свети Никола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе