16.4 C
Прилеп
среда, 3 јуни, 2026
Пела Радио

Клековски: Сите вработени со договор на дело ќе бидат вработени, најдоцна до крајот на годинава

Сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Прашање е колку бргу можат административно да се постигнат тие процеси зашто треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целосна посветеност за да добијат договори на неопределено време сите што неколку години работеле со договори на дело и со тоа да им се реши статусот – рече Клековски.

Конкурсот за вработување на 124 медицински лица и медицински парсонал во прилепската болница, лица кои неколку години беа ангажирани со договор на дело во оваа здравствена установа беше објавен на 23 јули.

Прилепската болница ќе добие 21 лекар, 49 медицински сестри, а останатите вработувања, се за медицински персонал. Паралелно прилепската болница ќе добие и 8 специјaлизанти.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Миле Талевски позитивен на коронавирусот

Нови пониски цени на горивата од полноќ

СВР Битола: викенд контроли -1264 исконтролирани возила и возачи, издадени 287 платни налози

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе