30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Човечко невнимание или намера, причина за пожарот во близина на Типската населба

Денеска околу пладне изби пожарот кај Типската населба зад оранжериите и предизвика паника и вознемиреност кај прилепчани. ТППЕ Прилеп веднаш реагираше со петнаесет пожарникари со четири противпожарни возила, кои неколку часа се бореа со огнот каде горише сува трева и ѓубриште од  дивите депонии на површина од неколку хектари, информираа од ТППЕ Прилеп.

Благодарение на брзата интервенција на прилепските пожарникари огнот беше ставен под контрола и изгаснат за да се спречи неговото ширење со помош на ветрот кон куќите. Првичните сомнежи се дека и за овој пожар, најверојатно причина е човечкото невнимание или пак, свесна намера.

Инаку во прилепско сеуште е активен и пожарот во мариовско, во атарот на с.Бешиште, каде веќе дваесетина дена гори ниска деградирана шума во крајно непристапен терен на кој има и бројни неексплодирани бомби, заради што и гаснењето е речиси невозможно. Истовремено, од пред десетина дена пожари има и во атарите на селата: Дрен, Смолани, Радобил, како и во Царевиќ како и во близина на селата Галиште и Трстеник (општина Кавадарци). Гори мешана шума и ниска вегетација, а теренот е тежок за гаснење.

Би можело да ве интересира

Нови 2 случаи позитивни на Ковид 19, затворена текстилна фабрика

Тутунарите потсетуваат – сеуште чекаме “фамозниот 5 ти анти – ковид пакет” да помине во Собранието

На денешен ден загинаа за Македонија Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Орце Николов

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе