15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ајде на избори! Само два потписи ви требаат за да се кандидирате на локалните избори

Само два потписи ви требаат за да се кандидирате на локалните избори. Така одлучи Државната изборна комисија (ДИК) вчера вечерта. Со шест гласа „за“ и еден против беше усвоен новиот Правилник за собирање потписи за независни кандидати на локалните избори во октомври.

Според Правилникот, независните кандидати за советници и градоначалници ќе треба да обезбедат најмалку два потписи од избирачи во подрачните канцеларии на ДИК.

Собранието не успеа да изгласа измени со кои ќе се прецизира бројот на потписи, па ДИК мораше да најде практично решение, беше образложението од Претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Со ова, за учество на претстојните локални избори независните кандидати ќе треба симболично да соберат по два потписи, додека партиите и коалициите ќе настапуваат според редовните законски услови.

 

Би можело да ве интересира

Кржеска: Грижата за секој човек е нашата обврска

Од три партии не ги подигнаа уверенијата за пратеници од ДИК

Николоски- Филипче веројатни носители во 4ИЕ на листите за парламентарните избори од големите политчки партии

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе