25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

☀️Мало место со големо срце-Кривогаштани организира „Урбано лето“☀️

Здружението на млади од Кривогаштани „Урбано Гнездо“, за првпат ќе се одржи „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух. Манифестацијата ќе започне на 17 август со Филмска ноќ во дворот Младинскиот центар – Кривогаштани. Вечер исполнета со музика, филм и летна енергија ќе го означи почетокот на манифестацијата.

– 20:00 – Проекција под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“;

– 21:30 – Опуштена забава со локален DJ, која ќе ја задржи атмосферата под
ѕвездите до доцна во ноќта.

Организаторите велат дека нивната цел е да создадат простор каде младите од руралните средини ќе можат да ја изразат својата креативност, да го збогатат културниот живот и да привлечат посетители од целата Пелагонија.

„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани“ велат организаторите. „Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а
Урбано Лето е само почеток.“

Вториот ден е закажан за 27 август, кога публиката ќе ужива во настапи на популарни македонски
артисти. Најавена е скромна, но одлична програма, уметнички перформанси и активности кои ќе ја заокружат летната сезона со незаборавна атмосфера. Со поддршка од локалната заедница и ентузијазмот на младите, „Урбано Лето“ има потенцијал да прерасне во традиционален настан кој секоја година ќе го збогатува културниот живот во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Пензионерски револт, песна, оро и поддршка од хрватските колеги

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

(ВИДЕО) Филип е во срцата на сите нас

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе