16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во прилепско денеска гореше на неколку локации – пожарникарите имаа полни раце работа

Моментно (10.09 2025), во Македонија активни се 6 пожари на отворен простор, а беа изгаснати 16, меѓу кои 6 само во прилепско, информираат од ЦУК на Македонија.

Денеска ТППЕ – Прилеп имаше полни раце работа. Пожарникарите гаснеа на повеќе локации на територијата на Општина Прилеп. На територијата на Општина Прилеп гореше ниска вегетација на ул. Васко Карангелески, пожар имаше во близина на продавница Стибера каде исто така гореше ниска вегетација, пожар на отворено гаснеа пожарникарите и во атарот на с. Ерековци, кај Нови Гробишта и во близина на плетварско, во с. Ореовец, каде гореше ниска вегетација и ѓубре.

Во соседната општина, Општина Крушево гори, но пожарот е ставен под контрола, градска депонија на влезот на градот, која претставува едно големо ѓубриште на Крушево.

Би можело да ве интересира

Збогум РОМА СОС… Добредојде Станица 5 !

Велигденско послание на г.г.Стефан; „Верата во Воскресението е извор на трпение,љубов и надеж„

(ВИДЕО+ФОТО)Симулациона вежба за пожар во СОУ „Орде Чопела“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе