7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

      ОК на ВМРО ДПМНЕ на днешната прес конференција ги посочија критериумите на кои се поставуваат одредени луѓе на позиции, заджувајќи се конкретно за работната позиција,  директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп.  Тие меѓудругото рекоа:

Јасно го прашавме градоначалникот зошто и по кои критериуми поставува луѓе на одрдени позиции кои не ги исполнуваат условите за да се на конкретното работно место, наместо одговор, добивме само празно соопштение со веќе видена реторика, која СДС ја практикуваше од улога на опозиција во минатото.

Денес прашуваме, дали директорот на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, ги исполнува посебните услови, за да биде директор на ова јавно комунално претпријатие? Дали истиот има високо образование (240 кредити) и дали го има потребното работно искуство за да биде на чело на ова претпријатие? Нашите информации говорат оти овој човек нe исполнува услови да биде директор? Дали и во овој случај градоначалникот Јованоски го прекрши законот и несоодветен кадар стави на чело на ЈП Комуналец? Прашуваме, дали е вистина оти Ѕвонко Јованоски е поставен за директор со образование од 180  кредити? Дали свесно ги прекршиле законите и двајцата, па сега затоа Ѕвонко Јованоски е студент на еден од приватните факултети во Битола? Во досегашното владеење на СДС се покажа дека освен непотизам и угодување на најблиските нивни симпатизери, активисти и членови, нема што друго да им понуди на прилепчани.Воедно го повикуваме ОЈО, по допрен глас, да ги истражи овие прашања и доколку утврди непочитување на законите и можна злоупотреба при направениот избор, да следува одговорност, како за градоначалникот Јованоски, така и за директорот кој е на оваа функција.

Тоа беше повод прес да одржи и директорот на ЈКП „Комуналец“ .Тој во своето обрајќање рече :

Звонко Јованоски момнтално е в.д  директор, а не избран директор на јаен конкурс. Звонко Јованоски е дипломиран инжинер по енергетика и специјалист инжинер за безбедност при работа со 240 кредити. Звонко Јованоски  и градоначалникот  Илија Јованоски , никогаш не ги прекршиле и нема да ги прекршат законите на Р. Македонија. Законите на Р. Македонија во овие 12 изминати години ги прекршувале кадрите на ВМРО ДПМНЕ и правеле бројни финасики малверзации. Досегашниот директор, Златко Ристески –Џекчето, братучед на предходниот градоначалник, Марјан Ристески, ја остави фирмата која 2 години раководеше со долгови по разни основи во вредност од еден милион евра и со блокирана жиро сметка и со бројни финансиски малверзации. Звонко Јованоски, кој по мислење на ВМРО ДПМНЕ е несоодветен кадар ,за 6 месеци направи заштеда од 15 милиони денари и ги врати долговите кон доверителите ,ги исплати сите додатоци  на плати ,кои во овие 12 г. не им се исплајќале на вработените и истите тие поднесоа голем број тужби против фирмата .  И, јас , го повикувам Јавното обвинителство да ги испита сите овие инсинуации и лаги, дали се произлезени од пратиските кујни или институционални кујни ?! Ако на ВМРО ДПМНЕ му смета финасиската добра работа на ЈКП „Комуналец“ и работата на терен нека бараат дурги оправдувања, а не лаги и инсинуации за мојата стручност и образование  – истакна Јованоски пред медиумите како одговор на пресот  на ОК на ВМРО  ДПМНЕ

На пресот на ОК на ВМРО  ДПМНЕ реагираа и од   Општина Прилеп кои со писмено обрајќање до медиумите меѓудругото нагласија:

   „Опишаниот начин на работа во денешната прес конференција на Општинскиот комитет е својствен заВМРО-ДПМНЕ, поради што се поведени и бројни кривични постапки во ОЈО – Прилеп и од СЈО.Градоначалникот Илија Јованоски и новата локална власт работат на откривање на сите сомнителни и незаконски договори и работа на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ. И така ќе продолжат. Доследна примена на законската регулатива е императив за новата локална власт и градоначалникот Јованоски“ –напишаа во својата присмена реакција од Општина Прилеп

На ова се огласија и од ОО на СДСМ -Прилеп .Во нивниот писмен допис до медиумите меѓудругото се вели

Најдобра потврда за тоа како Ристески и ВМРО-ДПМНЕ ги менаџираа кадровските прашања е поставувањето на Ирена Стерјоска Локвенец за директор на Домот за стари лица во Прилеп, за што Јавното обвинителство поднесе обвинение.Имено, иако  во јавниот оглас за директор на Старскиот дом како  посебен услов било предвидено работно искуство од 4 години после дипломирањето, Ристески донел решение со кое за директор ја избрал Ирена Стерјоска која во тоа време имала работно искуство од 2 години и 6 месеци.Времето кога се прекршуваа сите закони само за да се задоволат апетитите на партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ заврши.Денес со институциите раководат кадри што се кометентни, имаат знаења и вештини, и пред се’ ги исполнуваат законските услови за работните места.Информациите што јавно ги изнесе портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се ноторна лага и клевета со цел да се наруши угледот на градоначалникот Илија Јованоски и В.Д. директорот на ЈКП Комуналец „Звонко Јованоски“, за што ќе следат соодветни тужби“.- се вели во соопштението на Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (39)

Пела Редакција

Прилепските детски градинки добија нови прочистувачи на воздух

Гордана Цветаноска

Прилеп најзагадениот град во Македонија ?! Мери ли точно новата мерна станица за квалитетот на воздухот?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе