16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепскиот театар со „Чиста куќа“ започнува серија гостувања во земјава и странство

Народниот театар  „Војдан Чернодрински“ со претставата „ЧИСТА КУЌА“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство. На 4 -ти декември 2025, претставата ќе биде изведена во театарот во Струмица, на 6-ти декември во Велес, а на 13-ти театарот, “Војдан Чернодрински“ ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.

 Публиката во овие три града ќе има можност да ја проследи „Чиста куќа“,  претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови….  Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување… Чистењето во претставата не е само физичка активност, тоа е метафора…. Претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќи елементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовите можат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта. Сара Рул, со својот препознатлив поетичен стил ја претвора секојдневната болка во нешто магично, духовито и лековито.  „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.

Податоци за претставата:

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски

Музички соработник на режисерката: Ана Митоска

Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

Фото : Фан продукција Зоран Пилоски

Актерска екипа:

ЛЕЈН – Даниела Иваноска

МАТИЛДА – Наташа Ачански

ВИРЏИНИЈА – Катерина Чакмакоска-Клинческа

АНА – Јасмина Мицовска Станкоска

ЧАРЛС – Димитар Ѓорѓиевски

Би можело да ве интересира

Прилеп: порастот на новозаразени се должи на непретпазливост и непочитување на мерките

(ВИДЕО) Спектакуларно Тјунинг кар шоу во Прилеп со над 1300 учесници

По “културниот карантин“, петок изложба во Цепенков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе