16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепскиот градоначалник се обврза за креирање безбедна сообраќајна инфраструктура во Општина Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Националната конференција за „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“ во Скопје, организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На настанот, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, претседателот на РСБСП Горан Ангеловски и градоначалниците од целата земја, се дискутирааше за заедничките политики и за чекорите кои ќе се планирани во општините за побезбедни локални средини.

Проданоски ја потпиша Декларацијата за безбедност во сообраќајот, со која Општина Прилеп се обврзува на модернизација на раскрсниците и локалните патишта, обезбедување безбедни услови за пешаците, велосипедистите и сите учесници во сообраќајот, идентификација и намалување на „црните точки“ и вградување на безбедносни стандарди во урбанистичкото планирање и новите проекти.

„Нашата цел е јасна – создаваме град со современа и безбедна инфраструктура, каде сообраќајот не претставува ризик, туку ред и сигурност за сите граѓани. Продолжуваме решително и одговорно да работиме на проекти кои ќе ја подобрат сообраќајната култура, инфраструктурата и безбедноста во Прилеп. Безбедноста е наша заедничка обврска, а секој заштитен живот претставува најголема вредност“, истакна Проданоски.

Би можело да ве интересира

За пензионерите на Прилеп по два часа бесплатен Јавен градски превоз

Чиста животна средина , подобра иднина за сите – одбележан денот на пролетта во ООУ Кире Гаврилоски-Јане (ВИДЕО + ФОТО)

Волчески: Возев кога дознав за номинацијата 13 величествени (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе