ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Контролен натпревар на ЖРК Деспина пред стартот на сезоната

649

Во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко, ракометарките на ЖРК „Деспина”- Прилеп го имаа првиот контролен натпревар со екипата на „Пелистер“- Битола, пред стартот на новата суперлигашка ракометна сезона, која почнува од 15-ти септември.

Иако ,во овој „комшиски“ натпревар, победата ја понесоа ракометарките на “Пелистер“ (15 :25) девојките на  ЖРК „Деспина“ одиграа добра контролна партија,на која, тернерот Страшо Илоски, им даде шанса на сите ракометарки.  На натрепвар не настапи само М. Камческа, поради здравствени проблеми.

Ракометарките на  ЖРК „Деспина“ своите подготовки ги одржаа во Прилеп. Немаат промени од ланскиот состав и оваа сезона продолжуваат со истит состав: Јовеска , Е.Рипилоска , А.Камческа, Крстевска, Седлоска, Цветкоска, Димова , Димитрова, Богеска, Далевска  М.Камческа,  Димитриеска, Ристевска  Л.Рипилоска, искусната Мери Кичева,и неколку помлади рекометарки од ракометните школи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: