16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

Општина Прилеп продолжува со инвестиции за подобрување на условите за рекреација на најмладите и училиштната спортска инфраструктура. Веќе бил потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје, а паралелно, течат активностите за изградба на уште едно  игралиште во типската населба, во близина на стадионот со вештачка трева.

Како што информираат од општината во план за реконструкција е и постоечкото игралиште во типската населба, веднаш до црквата во центарот на населбата. Средствата биле обезбезбедени, а наскоро ќе била објавена и јавна набавка.

Што се однесува до спортската инфраструктура во прилепските училишта предвидена е реконструкција на две спортски игралишта во ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Кире Гаврилоски“, со поставување на современа тартан подлога. Воедно, веќе е најавен проектот за изградба на спортска сала во централното ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, инвестиција која ќе обезбеди подобри услови за спорт и физичка активност за учениците.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

Пела Редакција

Карванот на Витаминка едуцираше над 22 000 деца за општествените вредности

Пиво – Фест 2022 брои ситно…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе