24.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Уште една навика што ги краси прилепчани – најажурни во селекција на отпадот

Истражувањето што го спроведе Друштвото за управување со амбалажен отпад „Пакомак“ во март годинава покажало и дека од сите видови амбалажен отпад, Македонците најчесто селектираат пластика. Дури 70,8 % од испитаниците што селектираат одговориле дека редовно селектираат пластични шишиња, а 46,6 % од нив одговориле дека селектираат секаков вид пластичен амбалажен отпад. Втор најмногу селектиран амбалажен отпад е стаклото, дури 45,7 % од оние што селектираат одговориле дека го селектираат. Речиси една третина од испитаниците одговориле дека селектираат хартија, поточно 30,7 % од луѓето што одговориле дека селектираат амбалажен отпад.

Она што е интересно во истражувањето е дека има евидентна разлика во нивото на еколошките навики  кај граѓаните на различни општини.

– Оваа година, податоците покажуваат дека Прилеп има најеколошки свесни граѓани, бидејќи дури 49 % од испитаниците одговориле дека секогаш го селектираат амбалажниот отпад. За илустрација, само 8 % од испитаниците од оваа општина одговориле дека никогаш не го рециклираат отпадот. Спротивно на нив, загрижувачки ниска свест за селектирање на отпадот има во општините Куманово, Штип и Струмица, каде што само 2 % од испитаниците одговориле дека секогаш го селектираат отпадот. Најголема незаинтересираност за селектирање има во Општина Тетово, каде што огромни 59 % од испитаниците рекле дека никогаш не селектираат отпад – информираат од „Пакомак“.

Споредено со резултатите од претходните истражувања, од „Пакомак“ забележуваат дека постепено расте свеста за селектирањето отпад, а граѓаните стануваат поактивни во однос на постапувањето и фрлањето на отпадот.

Истражувањето се спроведува секоја втора година, а овој пат дел од него биле 1.200 испитаници од различни старосни групи и различни градови од земјата. Во истражувањето биле вклучени жители од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Струмица, Штип и од Куманово.

Би можело да ве интересира

Отстапка нема – втор ден протести на прилепските пензионери

Пела Редакција

Премиерот Зоран Заев во посета на Кривогаштани и Прилеп

Денеска навивачката група „Мајмуни„ се збогува од момчето кое загина во сообрајќањата незгода кај с.Славеј

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе