18.4 C
Прилеп
понеделник, 22 јуни, 2026
Пела Радио

„Спортски игри за млади – Плазма“ ќе се одржат и во Прилеп

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп на 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, градот ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади.
На спортските терени своите вештини, спортски дух и натпреварувачки способности ќе ги покажат ученици од основните училишта од општините Прилеп, Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево, кои преку дружење, фер-плеј и тимска игра ќе испратат силна порака за значењето на спортот во правилниот развој на младите генерации.
Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, а се реализира под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за спорт.

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари, следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде што ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Меѓународен стручен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата во манастирот Трескавец

Пиво – Фест 2022 брои ситно…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе