29 C
Прилеп
понеделник, 22 јуни, 2026
Пела Радио

Зафат за пофалба, се реновира амфитеатарот во Варош – ако не го чуваме ќе исчезне

Се заменуваат дрвените штафни на клупите на трибинскиот дел, се чистат и преуредуваат плочките, а се планираат и други зафати за да се создаде простор кој ќе биде живо срце на културните случувања –  вака започна уредувањето на амфитеатарот во Варош, кој деновиве потврди и докажа дека е одличен урбан простор за одржување манифестации, концерти и настани.

Месецот мај донесе бројни концерти, манифестации и настани кои ја потврдија љубовта на варошани и прилепчани кон културата. А, летово, амфитеатарот е планиран да биде повторно сцена исполнет со музика, уметност и забава.

Сепак, убаво е кога се уредува, обновува, се одржува. Но, најважно во оваа приказна е да се чува и да се почитува трудот на оние кои работат за убав изглед на овој простор, а граѓаните да придонесуваат кон просторното одржување на амфитеатарот за да не се претвори во неуреден, искрешен и запуштен дел од Варош.

Велат, ако не го чуваме, ќе исчезне! Ако го негуваме, ќе продолжи да живее и да  раскажува приказни за генерациите што доаѓаат. На нас е, што ќе направиме!

Би можело да ве интересира

Концерт на Арт либитум трио и изложбата ”Не-дефиниран урбанизам”

Планиран прекин во снабдување со електрична енергија во долненско

Полициската станица Прилеп го одбележа 7 Мај – Ден на полицијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе