19.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Музиката повторно „зборува“ од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Ново музичко издание на хорот при ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, кое со самото појавување предизвика емпатија кај публиката на социјалните мрежи, и со начинот на музичката изведба, и со изборот на  песната, со сценариото и креативноста при пренесување на една од најпрепознатливите балади  „Признавам“ (позната и како „Признавам, не можам без тебе“).

„Mузиката е јазикот кој сите го разбираат, но македонската песна е онаа што ни ја допира душата! Таму каде што зборовите запираат, музиката почнува да зборува. Честитки до сите млади таленти и уметници кои покажаа дека традицијата не е само минато, туку жива искра што ја грее нашата иднина. Продолжете да творите со срце и да не’ правите горди “ , напиша на својот ФБ профил директорот на ООУ „Климент Охридски“ , Ахил Јаков, кој во секој чекор ја поддржува активноста на училишниот хор под водство на менторот, професор Маја Џопа.

Музичката изведба е создадена по повод Светскиот ден на музиката, каде учениците од ООУ „Климент Охридски“ со хорот од СОУ гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, под менторство на професоер, Татјана Трчкович Ивановска, нивните постојани поддржувачки и пријатели КУД „Преродба“ и групата „Тајфата“, докажаа дека кога се обединети во името на уметноста и музиката, може да се созде нешто бесценето и трајно. Преку безвременската „Признавам“, хорот на ООУ “Климент Охридски“ – Прилеп  уште еднаш ја потврдија својата улога на чувари на македонскиот музички идентитет.

Музика на оваа изведба е на Бојан Митрески,  прилепскта групата „Тајфата“ ги следи хоровите со музика, а спотот го изработи Фан продукција – Пилата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Пела Редакција

„Маѓепсан круг“- театарска претстава за спречување на трговијата со луѓе

Имате бизнис идеја? Проверете кои се условите за грант средства од јавниот повик на АВРМ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе