27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

„Чисто е убаво“ потсетуаат од ЈКП „Комуналец“ апелирајќи до граѓаните за почист град

ПРИЛЕП –  Екипите на ЈКП „Комуналец“ денеска извршија бојадисување на жардиниерите пред старата општинска зграда, како и засадување на грмушкасти украсни растенија за разубавување на овој дел од градот.

Од ЈКП „Комуналец“ посочуваат дека и покрај вложените напори за уредување на јавниот простор, жардиниерите често се користат за фрлање отпушоци од цигари и друг ситен отпад, што го нарушува нивниот изглед и намената.

Претпријатието потсетува дека во непосредна близина има поставени корпи за отпадоци – пред влезот на старата општинска зграда и на платото пред Тринаесеткатницата, и ги повикува граѓаните да ги користат за правилно одлагање на отпадот.

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелираат до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град.

„Чисто е убаво“ – порачуваат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп, нагласувајќи дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Од први октомври поскапува водата, јавниот градски превоз и комуналните услуги

„Игра на инструментите“ од Јовевски доби спот (ВИДЕО)

Пела Редакција

Од десет џудисти 10 медали

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе