30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Чисто е убаво“ потсетуваат од ЈКП „Комуналец“ апелирајќи до граѓаните за почист град

ПРИЛЕП –  Екипите на ЈКП „Комуналец“ денеска извршија бојадисување на жардиниерите пред старата општинска зграда, како и засадување на грмушкасти украсни растенија за разубавување на овој дел од градот.

Од ЈКП „Комуналец“ посочуваат дека и покрај вложените напори за уредување на јавниот простор, жардиниерите често се користат за фрлање отпушоци од цигари и друг ситен отпад, што го нарушува нивниот изглед и намената.

Претпријатието потсетува дека во непосредна близина има поставени корпи за отпадоци – пред влезот на старата општинска зграда и на платото пред Тринаесеткатницата, и ги повикува граѓаните да ги користат за правилно одлагање на отпадот.

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелираат до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град.

„Чисто е убаво“ – порачуваат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп, нагласувајќи дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Одлучено! Ќе се чисти општинската зграда!

Николоска: Проекти за подобрување на услугите на Општината кон граѓаните

Че трчаме – Прилеп по втор пат домаќин на маратонски трки

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе