ЈКП Комуналец започна за склучување на договори со физички лица за користење на бесплатни канти во жолта и зелена боја за процесот на селекција на отпад од проектот: Регионално управување со цврст отпад.
Во зелените контејнери за мешан комунален отпад се одлага отпад кој не може да се рециклира.
Во контејнерите за селекција се одлага само отпадот за кој се наменети – пластика, лименка, најлон, хартија, картон, и друга амбалажа, согласно ознаките поставени на контејнерите. Секоја амбалажа го има унифицираниот знак за рециклирање.
Во рамки на проектот преку Министерството за животна средина и просторно планирање, за прилепските домаќинства се обезбедени 8.318 канти со капацитет од 120 литри за примарна селекција на отпад.

