19.7 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Се’ е подготвено за Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“во Прилеп и Долнени

Настаните поврзани со Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ започнаа. Во спомен-куќата во Долнени, се одржува работилница за изучување на народниот мелос, на кој присуствуваат десетина млади ентузијасти, а денеска во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавено годинешново 52  издание. Фестивалот ќе се одржи на 22 и 23 мај на две локации – во Прилеп и во Долнени. Отворањето на Фестивалот е утре попладне во 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а в сабота програмата ќе се одржи на Рудина во Долнени со почеток од 18 часот.

Подготвени се и алтернативни сценарија доколку временските услови бидат несоодветни. Во случај на врнежи, првата фестивалска вечер ќе се одржи во киното „Мис Стон“ при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, додека саботната програма ќе се премести во затворената сала во Долнени.

Претседателот на фестивалот, Горан Василески, говорејќи за програмата, посочи дека и годинава продолжува традицијата на масовност и зачувување на автентичниот фолклор.
– Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со својата традиција е еден од ретките фестивали што ги негува традициите на изворниот мелос, гајдата, тапанот, кемането и изворната песна, наследство со векови и генерации. Во последните години фестивалот побудува поголем интерес кај младите генерации особено за изучување на народните инструменти – рече Горан Василески, претседател на фестивалот.
На 52 то  издание се очекува да настапат околу 250 учесници од сите генерации, кои доаѓаат од сите краишта на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Проданоски: Од 3, а на некои избирачки места и до 5 пати е разликата во гласови во корист на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија

Пела Редакција

(Видео) Репроценка на имотот на прилепчани за рамноправна наплата на данокот на имот

Пела Редакција

(ВИДЕО)Зекрија Мустафоски од Пласница е добитник на скутер од наградната игра на Авто Контрол

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе