Нов претседател на владеачката партија на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп е Христијан Тунески, актуелен советник во Советот на општина Прилеп и се’ уште актуелен претседател на УМС во Прилеп.
Тунески доаѓа на местото на Дејан Проданоски, кој ја обавува функцијата на актуелен градоначалник на Општина Прилеп.
Воедно Проданоски е назначен за нов член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Овие назначувања се донесени со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

