26.8 C
Прилеп
среда, 1 јули, 2026
Пела Радио

Се реконструираат патеките и осветлувањето на дел од улицата „11 Октомври“

Започна реконструкцијата на дел од улицата „11 Октомври“ која што го поврзува мостот Tабана со кружниот тек на крстосницата со ул. „Александар Македонски“.  Реконструкцијата опфаќа обновување на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување од двете страни на улицата кај Табана со површина од околу 2.800 квадратни метри, во должина од 520 метри. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ АД Скопје.

Реконструкцијата се спроведува во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија“, кој е реализиран од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка.

Градоначалникот Проданоски при увид во градежните зафати посочи дека активностите ќе се одвиваат паралелно со изградбата на новиот кружен тек на мостот Табана.

Би сакал да упатам еден апел до жителите во непосредна близина од градилиштето да бидат трпеливи.Би ги замолил да ги повлечат своите возила на местата каде што се за паркирање, да ги тргнат од велосипедските и пешачките патеки и да му ослободат простор на изведувачот да си ја заврши побрзо и побезбедно работата. Бараме начин да го организираме дополнително овој паркинг во непосредна близина на овој колективен објект да добие повеќе места и да ги ослободиме пешачките и велосипедските патеки да си ја добијат намената којашто имаат,“рече Проданоски. 

Во непосредна близина во тек е изведбата на новиот кружен тек со кој што овој дел од градот ќе добие нова димензија. Во моментот се работи на поставување на ново минор корито од градската река кое што е продлабочено и кое што треба да ги прифати водите под идниот мост имајќи го во предвид 100 годишниот просек од протокот на води.

„Мостот е едно сериозно здание со широчина од 75 метри. Во иднина очекувам зголемен интензитет и да се искористи градежната сезона. Со оваа динамика за скоро би почнале да се постава скела која што би требало да ја држи идната конструкција на мостот и веќе да го видиме како објект овој мост, затоа што сега само гледаме носечките столбови. За брзо време ќе почнат да гледаат нашите прилепчани какво големо здание  е овој мост и кружен тек затоа што ќе почне да го добива ликот,“ рече Проданоски.

Би можело да ве интересира

Улица на Тоше каде 24 часа ќе се слушаат неговите песни

Дали со отварањето на границите ќе се прават тестови и ќе е потребна изолација?! Дали јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои ја прекршуваат самоизолацијата?!

Хуман гест! Средствата од билетите за компјутер за Стефани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе