30.3 C
Прилеп
четврток, 2 јули, 2026
Пела Радио

Труење со храна во Микросам, затворена кетеринг фирмата и трпезаријата во компанијата

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го конзумирале во понеделникот. Нема хоспитализирани, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје кој заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцијата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која вршела кетеринг услуги и ја доставувала храната.

– Факт е дека станува збор за труење со храна. Оброкот го конзумирала првата смена во компанијата „Микросам“ во понеделникот, па потоа во текот на двата дена се појавиле симптомите. Изложени на труење биле 61 вработен од првата смена, а 41 досега ги покажаа симптомите на труење. Од нив 27 побараа лекарска помош на Инфективното одделение во градската болница. Сите ги анкетиравме. Сите имаат средна клиничка слика со покачена темература, мачнини, дијареа, болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран, туку добиле терапија и се на домашно лекување – објасни епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Во меѓувреме е затворена кујната во кетеринг фирмата која ја доставила храната, како и трпезаријата во компанијата каде се конзумирал оброкот.

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Витаминка повторно донира – Месец на хуманост со блогерот Бранко

„Локви“ споменик на природата, дом на Вилинското ракче единствено во светот

Жител од Беровци жртва во сообраќајната несреќа на регионалниот пат Прилеп – Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе