30.7 C
Прилеп
четврток, 2 јули, 2026
Пела Радио

Санитарниот инспекторат забрани дејност на кетеринг фирмата и во мензата во компанијата каде се затруле 41 вработен

Државниот санитарен и здравствен инспеторат издаде забрана за вршење дејност во прилепската кетеринг- фирма „Рустика“ и во мензата на компанијата „Микросам“ во врска со случајот на труење со храна при што 41 вработен во компанијата „Микросам“ по конзумирање оброк покажале симптоми на труење.

Инспекторатот заедно со прилепскиот Центар за јавно здравје со Институтот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонреден надзор.

-По известувањето од Центарот за јавно здравје од Прилеп по пријави за заболување со знаци на труење прво кај 17 вработени во компанијата „Микросам“активиран е Националниот протокол за постапување на надлежните институции при сомневање и појава на елементарни инспеции и интоксикации. Инспекцискиот надзор е извршен на две локации, во ДПТУ РУСТУКА ВЕДИНГ ХОЛ ДООЕЛ и во мензата во склоп на фабриката ДЕДЛ МИКРОСАМ  ДОО и двете во Прилеп. Издадено е усно решение на записник за забрана на вршење на дејност во објектот на  „Рустика“ и на мензата во „Микросам“. Забраната ќе трае до добивањето на негативни наоди од лабараториското испитување на земените примероци и извршените препорачани  противепидемиски мерки, стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Инспекторатот соопштуваат и дека на двете локации не биле констатирани санитарно-технички и санитарно-хигиенски недостатоци.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираа дека од 61, 41 вработен во прилепската компанија добија симптоми на труење со храна по конзумирањето на оброкот во првата смена во понеделникот. Сите добиле средна клиничка слика и нема хоспитализирани, туку по терапија се упатени на домашно лекување.

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прилепските пензионери на протест, блокада на клучката на излезот кај Прилеп

Жител од Беровци жртва во сообраќајната несреќа на регионалниот пат Прилеп – Битола

Безбедно отстранети 2 гранати и рачна бомба од Првата светска војна во Канатларци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе