16.5 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

„Од 0 до културА“ вечерно дружење во диско ритам со Aleks & Friends

Денеска, 2 јули од 21:00 часот, на камената бина во центарот на Прилеп, во рамките на манифестацијата „Од 0 до култура“ трета музичка дружба со младите прилепски музички уметници и таленти. Овој пат тоа ќе биде дружење во диско ритам „Disco Night“  специјално подготвен концепт направен за проектот “Од 0 до КултурА”.

Иако бендот е активно присутен и препознатлив по своите настапи низ Македонија, оваа вечер е резервирана за уникатно диско искуство создадено специјално за овој настан.

Подгответе се за незаборавно патување низ ерата на диско музиката со безвременските хитови на легендарните имиња како Donna Summer, Madonna и многу други.

На сцената ќе настапат Aleks & Friends:  Алекс – вокал; Александар Ристески – гитара; Анастасија Ристовска – тапани; Мартин Стојанов – бас гитара  и Лашко Атанасов – клавијатури.

Би можело да ве интересира

Витаминка ќе го донира вишокот храна

Концерт на оперскиот тенор Илија Белистојаноски

Ќе се формира здружение „За наш Прилеп” по примерот „За наше Куманово“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе