Плоштадот „Александрија“ , камена бина, вечерва беше местото каде што љубителите на фудбалот од Прилеп заеднички го следат Светското првенство и еден од поитересните репезентавивни натпревар помеѓу Португалија и Шпанија, емитуван на голем видеоекран.
Во пријатна и спортска атмосфера, голем број граѓани, семејства, млади и повозрасни љубители на “најважната споредна работа на светот“, ги исполнија просторот и трибините на Камената бина, навивајќи и споделувајќи ги возбудувањата од секој момент на натпреварот.
Заедничкото јавно следење на спортскиот спектакл уште еднаш покажа дека фудбалот има моќ да ги обедини луѓето, создавајќи чувство на заедништво, позитивна енергија и спортски дух. Аплаузите, навивачките извици и заедничките реакции на присутните придонесуваат вечерва да прерасне во вистински празник за сите љубители на спортот.
Настанот беше организиран со цел граѓаните да имаат можност заеднички да ги проследат најинтересните натпревари во пријатен амбиент на отворено, претворајќи го централното градско јадро во место за дружење, навивање и заедничко уживање во фудбалската магија.
Со ваквите настани, Прилеп уште еднаш потврдува дека спортот е силен мотиватор за дружење, поврзување и создавање убави заеднички моменти, а јавните гледања на големот спортски спектакл, Светското првенство во фудбал може секогаш привлекува голем интерес кај прилепчани.

