29.6 C
Прилеп
петок, 3 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Голем интерес за користење на гранд средства за самовработување во Прилеп

Денеска, 3 ти јули, последен ден од јавниот повик за поднесување апликации за вклучување во програмата за самовработување од Оперативниот план. Во Центарот за вработување Прилеп заинтересираноста е голема, особено кај младите до 29 години за кои предвидени се гранд неповратни средства до 10 000 евра, а доколку се повратници од странство дополнителни 10% или 11 000 евра.

Заинтересираните со идеја за сопствен бизнис можат и да се здружат во ДОО и на таков начин да добијат 20 000 евра. За повозрасните од 29 години, предвидени се 7 000 евра, со можност за здружување и дополнителни 10% доколку се повратници од странство. Прилепчани и овој јавен повик ја покажаа својата инвентивност и самодоверба за претпримништво ценејќи ја потребата за услужни и производни дејности за кои има потреба во регионот: мултифункционален едукативен центар, автолимар, преработка на мермер…

„Од она што го имав како информација до последниот ден имавме преку 5 000 апликации на ниво на Македонија. Имајќи го предвид дека немаат право да аплицираат само основно образование, навистина бројката е голема и сметам дека ќе приближна како и минатата година“, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд при посетата во Прилеп. 

Најважна е идејата кај заинтересираните, а предвидени се обуки и ментерство.

Она што радува оваа година во споредба со лани, бројот на апликанти е зголемен до сега имаме 316 апликации во сите мерки, досега имаме 5 апликации од повратници од странство. Најголем дел од апликациите се во услужните дејности, има дел од производство керамички плочки, дообработка на мермер,  во ИТ секторот, вели Виолета Димоска, директор на Центарот за вработување Прилеп. 

Програмата за самовработување се реализира од 2007 ма година, а според анализите успешноста на бизнисите кои добиле гранд средства е околу 80 %.

Верувам дека од овие 316 апликанти најголем дел ќе имаат можност да отворат свој бизнис. Затоа сме тука присутени да работиме на подобрување на пазарот на трудот, односно да имаме што повеќе луѓе кои се вработени, особено оние кои сами ќе се вработат. И сметам дека во иднина работиме на тоа, со вакви мерки општина Прилеп да има 0 % невработени луѓе, рече Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Вечерва премиера на претставата „Саатот“

„И, ние имаме деца за трка“- На економска национална олимпијада двајца ученици од економското училиште во Прилеп

Пела Редакција

Проданоски вети дека ќе биде достоинствен и чесен градоначалник кој што ќе работи за секој граѓанин

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе