30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Македонија на Европско ја претставуваат браќата Лука и Дино Најдоски

Браќата Лука и Дино Најдоски од прилепскиот клуб Фил Феникс и оваа година ја претставуваат Македонија на врвните европски и светски натпреварувања во воздухопловни спортови. Викендов, од 20 до 27 јули во Салонта, Романија двете братчиња од Прилеп се единствени претставници од Македонија на јуниорското Европско првенство во спортско моделарство. На овој европски спортски собир за јуниори учествуваат 17 земји со вкупно 49 учесници.

Лука и Дино постигнуваат врвни резултати и на досегашните европски и светски спортски натпревари со поддршка на семејството и секако од матичниот клуб Фил Феникс, од каде што ја споделија информацијата.

Да им посакаме спортската среќа да ги послужи и овој пат.

Би можело да ве интересира

Со богата програма Мариовско – мегленските културни средби слават 40 годишен јубилеј

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“ 

Пела Редакција

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе