19.3 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Повторно се враќа возот на релација Скопје – Прилеп – Битола

По нешто повеќе од три недели повторно се враќа редовната линија Скопје –Прилеп –  Битола и  Битола – Прилеп – Скопје, откако Железници Инфраструктура ги завршија градежните работи во јужниот дел на државата, во близина на Прилеп.

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје.“, велат оттаму.

Во соопштението се прецизира и точниот возен ред, односно термините во кои граѓаните ќе можат да патуваат на релација меѓу главниот град, Прилеп и Битола.

„На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 (18.22) на 15.7.2026 година и 640 (03.10) на 16.7.2026 година.“

Железничкиот сообраќај беше во застој поради градежни работи во близина на Прилеп, но и поради градежни работи на потегот Скопје до Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“ кои започнаа на 22 минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (51)

Пела Редакција

Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Пела Редакција

Г.Петар чиноначалствуваше со литургијата, а голем број верници го посетија храмот „Вознесение Христово“ во с.Тополчани по повод св. Марија Египетска

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе