Прилеп уште еднаш покажа дека знае како да живее и ужива со спортот. Полниот простор пред Камената бина во центарот на Прилеп беше претворен во вистинска навивачка арена, каде стотици љубители на фудбалот заедно го проследија полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Шпанија на големиот видеоекран.


Од најмладите до највозрасните, граѓаните уживаа во одличната атмосфера, заедничкото навивање и секој возбудлив момент од натпреварот и повторно создадоа вечер за паметење, потврдувајќи дека фудбалот се сака во Прилеп и повод за дружење, заедништво и позитивна енергија.
Ваквите настани му даваат нова динамика на градскиот живот, ги исполнуваат јавните простори со луѓе и покажуваат дека градо има публика која знае да ужива во големите спортски спектакли. Камената бина, на кој веќе две недели се прикажуваат натпреварите од Светското првенство во фудбал, и вечерва беше местото каде што спортот ги обединува луѓето, а заедничкот доживувања креираат навивачката атмосфера за паметење.

