„Музички филиграни“ со прекрасни луѓе, моменти кои не се забораваат со мелодии за незаборав. Таше Каранфиловски од Ресен, заедно со пријателите Саше Петковски од Битола и Николче Талевски од Могила приредија богата дружба со нашите радио пријатели.
Гостувањето во емисијата беше и најдобра прилика за промоција на новиот албум на Таше Каранфиловски, естраден уметник познат по својата хуманост, вродена способност за комуникација, пријателство, момче ѕвездаллија. И не случајно тој настапува со двајцата свои пријатели Саше и Николче кои беа негова придружба во емисијата Музички филиграни, зашто тие сите тројца се неповторливо трио и по музиката која ја создаваат и по енергијата која ја зрачат.
Во продолжение проследете ја емисијата Музички филиграни која се емитуваше во живо на нашата програма на 27 септември, а можеа да ја проследат нашите пријатели на фејсбук фан страната на Radio Pela 96,8 FM.
https://www.facebook.com/radiopela/videos/263832774473959/
Ја претставуваме најновата песна на Таше Каранфиловски „Дојди ми Љубице“
Воедно ви ги претставуваме некои од видео изданијата на Таше Каранфиловски
„ Музички филиграни“се емитува секој четврток во живо во 20 часот.
Репризните изданија на „ Музички филиграни“ се во истото време во сабота и во недела.