11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Аптеките Вивафарм 2005 слават 11 години постоење

Аптеките Вивафарм 2005 влегуваат во втората деценија од постоењето. Да се опстојува во големата фармацевска мрежа во Македонија, каде конкуренцијата е немилострдна и тоа 11 години, е голем успех кој зборува сам за себе за пожртвеноста на екипата, персоналот, но и чувството за водење на бизнис на сопственикот Александар Желчески.

На што се должи успехот да се опслужуваат со сите потребни медикаменти и медицински помагала, лекови и превентивни препарати две аптеки во Прилеп и во соседната општина Кривогаштани, а во исто време потрошувачите – пациенти да бидат задоволни од услугата и понудата?

– Се трудиме да обезбедиме квалитетна услуга за сите клиенти кои ќе ги посетат аптеките. Денес, аптеката не е само фармацевска продавница, туку е многу повеќе од тоа. Трендот на пружање на здравствени услуги во аптеките полека доаѓа и кај нас. Јас се надевам дека ќе одговориме на овие барања на нашите сограѓани.Може и фармацевтот да направи минимална здравствена заштита, за која нема потреба да оди на лекар. Веќе обезбедивме сертификат за оваа, кај нас, напредна услуга, која наскоро ќе може да ја пружаме во двете аптеки, вели Александар Желчески, фармацевт и сопственик на Вивафарм 2005 аптеки.

Но преполните со лекови и препарати аптеки не значат ништо ако нема љубезен збор и навремена услуга. Аптеките Вивафарм 2005 и во Прилеп и во Кривогаштани се препознатливи по младите, љубезни, полни со знање и искуство фармацевтки: Јасмина Трајковска, Кети Илиевска и Евгенија Велковска. Некогаш нивните совети, убавиот збор, значат повеќе од колку само и единствено продажба на лекови, секако предводена и од фармацевтот во пензија, таткото на Александар, Кире Желчески – еден од најпознатите фармацевти не само во Прилеп, туку и во Македонија.

 

Каде ја гледа иднината, во наредните 11 години во овој бизнис Александар, дали во проширување на мрежата и отворање на нови аптеки, или?

 

Во наредните 11 години не планирам проширување на бизнисот, не повеќе од 2 до 3 аптеки. Иднината ја гледам во подобрување на квалитетот на услугата, тука е клучот на успехот и ние како екипа сме на добар пат во тоа, вели Александар Желчески.

Денеска, со скромна мала закуска и торта во знакот на одбележувањето, вработените заедно со своите соработници и потрошувачи го одбележаа роденденот во едната од двете аптеки и тоа во Прилеп, лоцирана позади ЦК Марко Цепенков, онаму каде што се’ започна пред 11 години.
Екипата на Радио Пела се приклучува кон многубројните честитки и желби за успех во иднина.
Среќен роденден Вивафарм 2005 аптеки!

Би можело да ве интересира

Новаци домаќин на Летен фолк хит на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

Елизабета Филипоска

Венко Филипче: Денеска нови 3 случаи во Прилеп, еден починат

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе