7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанецот Љупчо Ристески ја „зграпчи“ гран-при „Плакетата Милтон Манаки„ за аматерски документарен филм „Камера 300″

Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен филм „Клучарот Цако”, е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки” на 26-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм „Камера 300″, што се одржува во Битола.

Изборот е направен во конкуренција од 52 документарни филма на автори од повеќе европски држави.

Жирито одлучи „Златна камера 300″ да им се додели на авторите Драго Латиновиќ и Илија Галоња од Србија, кои на фестивалот во Битола настапија со документарниот филм „Зов”. „Сребрена камера 300″ ќе добие Ема Лазарова за документарецот „Никогаш повеќе”, додека „Бронзена камера 300″ освои Ролф Мандолеси од Италија со филмот „Без смисла”.

„Според традицијата, жирито одлучи да додели и награди „Златен медал на УНИКА”, Плакета на Општина Битола, Плакета за монтажа, идеја и репортажа, а Плакетата за режија, која се доделува во чест на Драги Савевски, годинава ќе му биде доделена на Радован Ѓериќ од Србија за филмот „Банатски блуз”, истакна Стевче Хаџиантоновски, директор на ФАДФ „Камера 300″.

Врачувањето на наградите и прикажувањето на наградените документарни филмови ќе биде во рамки на празничната програма за Денот на ослободувањето на Битола – 4 Ноември.

 

Би можело да ве интересира

„Хамлет“ на репертоарот на НТ „Војдан Чернодрински“

Пела Редакција

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Започна Детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе