11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Под овие услови не може да се работи!

Попладнево на протест пред Здравствениот дом во Прилеп, излегоа и матичните стоматолози. Основната причина е нивното несогласување со предлог договорите на Фондот за здравствено осигурување.
Претседателката на регионалниот одбор на стоматолози Дафина Богеска вели дека протестот е со цел да го искажат револтот бидејќи работат во загуба.

– Договорот од фондот поставува некои барања од нас кои немаат исплата на средства за осигурениците. Така што бараме под итно да се почнат разговори во насока за промена на досегашниот модел на исплата со цел усогласување со Законот за здравствено осигурување, бидејќи, сегашниот договор е противзаконски. Бараме да се зголеми годишниот буџет на стоматолозите кои во моментот е помалку од 1 процент од вкупниот Буџет на здравство, односно една четвртина од буџетот на општите лекари. А исто така бараме да се корегира мрежата спрема нормативите за економска исплатливост на една ординација. За да се усогласи договорот со Фондот, бараме во меѓувреме да се потпиши Анекс на стариот договор, бидејќи под овие услови не може да се работи, вели Богеска.

Моментно просечната плата на стоматолог во Македонија изнесува 15.000 денари.Основниот проблем велат матичните стоматолози е што Фондот оддвојува малку, односно недоволно средства за примарната и превентивната стоматолошка заштита, сектор во кој што најмногу се погодени матичните стоматолози.

Би можело да ве интересира

Патување со воз од Скопје до Софија во 2027, а до морскиот брег на Албанија во 2030 година

Елизабета Филипоска

Почна реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Пела Редакција

Прилепска Пиварница: За 100 годишнината – 100 засадени дабови дрвца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе