7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ во борба против насилството врз жените и девојките

Со перформанс во вид на срце  и мегафонско говорење за гласно пренсување на пораки против насилство врз жената и девојките, ученици од СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп ,се вклучуваат во кампањата  наречена “16 дена активизам,“ за борба против насилството врз жената. Не еднаквоста меѓу мажите и жените  е една од клучните елементи за борба против насилството врз жената,велат тие

Целта на оваа активност е да се потикне свеста кај учениците против насилстото врз жената, бидјеќи во нашето училиште поголемата популацијата е девојки. Тие треба да го препознаваа насилството, бидејќи го има во различни форми: физичко, сексуално, економско… Интернетот навистина е извор на инфомрации, но учениците не се доволно информирани ,бидјеќи можат да следат и погрешни информации за насилство врз жената и девојките. Целта на овој перформанс и  вклученост на младите во кампањата против насилството  „16 дена активизам“ е да им посочиме  на младите дека треба ,меѓусебно, да имаат повеќе разбирање и љубов , а не насилството. Ние, пак, возрасните, треба да бидеме пример за нив. Ако ние, возрасните, можеме само 16 ден да имаме женски акативизам, тогаш младите тоа можат и треба да го правата 365 дена“ – посочува професорката ,Петра Лукароска од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп

Според статиситката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи –Прилеп , секој ден во Прилеп има по еден регистиран случај,  жртва на семјно насилство, или за 2018 година регистрирани се 365 случаи ,  исто колку  и лани .Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки и трае до 10 декември има за целта  да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките..а портокаловата боја на кампањата ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените.

Би можело да ве интересира

Дали прилепските земјоделци ќе добијат помош и од државата за штетите од невремето во 2018 година?

Гордана Цветаноска

„Зголемувањето“ на откупната цена е само скапо платена ПР стратегија

Крушево ќе го испитува јавното мислење за работата на општината и институциите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе