11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МЕПСО вработи шест стипендисти – електроинженери

Шестмина стипендисти кои покажаа најдобри резултати, се новите инженери вработени во МЕПСОКомпанијата започна да применува нова политика за вработување, со која ќе дава шанса на студенти и стипендисти со најдобри резултати

МЕПСО вработи шест стипендисти – електроинженери кои покажаа најдобри резултати на тестирањата . Сите шест нови вработени се млади инженери на електроенергетика дипломирани на ФЕИТ и биле стипендисти на трите најголеми енергетски компании. МЕПСО за прв пат вработува стипендисти и ова е  дел од новата кадровска политика на менаџментот на МЕПСО.

– Мисија на овој менаџерски тим е да ги отвори вратите на МЕПСО за најдобрите студенти меѓу кои има  стипендисти на МЕПСО или други енергетски компании и да ги вработи доколку ги исполнуваат условите на конкурсот за вработување и имаат солидни резултати на тестирањата и интервјуата. Наша определба е овој пристап да стане пракса во МЕПСО. Ги сакаме во нашите редови младите и перспективни инженери, со значаен капацитет и голем потенцијал, а  кои се докажани како солидни студенти и се иднина на нашата земја. Со оваа наша определба активно се вклучуваме кон заложбите на Владата, основачот на МЕПСО, во примена на политиките за намалување на одливот на мозоци од земјава. На новите колеги им посакувам  многу успеси. На сите стипендисти и студенти им порачувам  да остваруваат добри резултати и да се надградуваат затоа што за најдобрите секогаш ќе има место во МЕПСО. Убеден сум дека и други државни компании ќе дадат своја поддршка за вработувања на стипендисти и најдобри студенти кои ги исполнуваат условите, изјави Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.

Тамара Арминовска е стипендист на МЕПСО и ќе се приклучи на тимот на Операторот на електропреносниот систем (ОЕПС) задолжен за управување со националниот  и со регионалниот пазар за балансна енергија, еден од најголемите предизвици пред кој е исправен македонскиот електроенергетски пазар.  Марија Трпевска  работи на анализи на мрежата во службата за оперативно планирање. Во подружницата Оператор на преносната мрежа (ОПМ) која е надлежна за одржување и модернизација на преносната мрежа составена од 2.100 километри далекуводи вмрежени во шеесетина трансформаторски станици, сега се вработуваат тројца млади инженери. Стојан Малчевски и стипендистката на МЕПСО Стефанија Стојановска се новите инженери во најголемата организациска единица – Одделот за трансформаторски станици, а Арди Хамза ќе се приклучи на инженерскиот тим на Одделот за далекуводи. Артан Рамани е инженер кој ќе стане дел од тимот на Секторот за информатички технологии и телекомуникации.

МЕПСО од 2012 година, заедно до другите најголеми енергетски компании, стипендира студенти на електроенергетските насоки на двата државни факултети во Скопје и во Битола. Моментно МЕПСО стипендира 17 студенти на двата факултети со месечна стипнедија од 6.000 денари.

Би можело да ве интересира

Целосниот асортиман на Витаминка, изложен на Интерфуд & Дринк, Бугарија

Пела Редакција

(Видео) Невремето за час ја уништи маката на тутунарите во Пелагонија

Елизабета Филипоска

Лекот е во спокојството, Манастир „Свето Преображение“, Зрзе ????

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе