17.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел да обезбеди релевантни информации, стручни совети и практична поддршка во периодот на подготовка за родителството и првите денови по породувањето.
Воедно ќе се одржи бесплатен базар.
Преку внимателно селектирана програма, присутните ќе имаат можност да слушнат инспиративни и едукативни предавања од докажани стручни лица во својата област, кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети што навистина прават разлика, велат организаторите од МАМА  САМА.
За учество на едукативниот настан влезниците се 500 денари.

Би можело да ве интересира

Уметникот Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ за 2022

Синдикатот на протест во Скопје

Пак се чисти ѓубре на обиколниот пат кај Жито Прилеп за Варош

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе