16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник

Законот за употреба на јазиците денеска е објавен во Службен весник откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го испрати без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.Со објавувањето на Законот во Службен весник, тој официјално стапува на сила со што албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија. Со ова, покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.Денешниот број на Службен весник е на два јазика, македонски и албански, освен спогодбата помеѓу Македонија и Грција која е објавена само на македонски јазик

Би можело да ве интересира

„Амкање“ – адет за последната вечера пред Велигденскиот пост

Советот на општина Прилеп ја одржа 36 тата итна седница

Прилеп: 4 нови случаи позитивни на корона, едно лице почина

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе