7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп рекорен број на девојчиња, кои ќе се фрлаат по светиот крст  

Во 12,оо, во сабота, во базенот на Аква паркот „Салида“, во Прилеп,на  христијанскиот празник Богојавление – Водици,  98 верници  ќе се фрлаат во водите за да го фатат благословениот крст за здравје, среќа и бериќет.  Меѓу нив 10-сет се девојки, од кои најмалата  е родена 2005 година ,а најмалиот учесник на манифестаијата е роден 2007 година.

Оваа година ,забележил е рекорден бројот на девојчиња кои ќе се фралаат по крстот велат организаторите. Оние кои ќе скокаат по светиот крст задолжително имаат медицинска белешка (потврда) од матичен лекар за нивната здравствената состојба и крштеница, “со што  го потврдуваа своето учество во скокањето по благословениот крст.“-вели Прилепскиот  Архиерејски Намесник Протоереј – Ставрофор, Блаже Станкоски

„Празникот Водици ,Светото Богојавление, кое Светата православна црква секоја година го одбележу на 6-ти ,односно на 19 –ти јануари,масовно го одбележуваме на ниво на православие,бидјеќи тој еденод најголемите христијански празници. Какртеристично е тоа што во Прилеп, од година во година, имаме се поголема масовност за фаќање на светиот крст. Оваа година имаме рекорден број и на пријавени девојчиња кои ќе скокаат по светиот крст ,10 на број , од вкупно 98 пријавени. Времето и водата ќе бидат ладни и во соработк со локлната власт обезбедени се и спасители, и екипи од Првата помош“ -вели Прилепскиот  Архиерејски Намесник Протоереј – Ставрофор, Блаже Станкоски

Оваа година,  светиот крст во водите на Аква паркот „Салида“ ќе го фрла Прилепскиот  Архиерејски Намесник, Протоереј – Ставрофор, Блаже Станкоски од Преспанско Пелагониската  епрахија.Тој  ги повика верниците празникот да започнат да го празнуваат од раните утрински часови

“На празниког Богојавленије му предходи 18-ти јануари празникот Водокрст, кога во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот, кога опслужуваме часови кои се вовед во светото богојавление, а  честувањето на празникот започнува во 4.00 часот наутро на 19-ти, во сите храмови на нашиот град. Околу 6.30 до 7.00 часот утрото завршува Светата Божествена литургија, а после тоа пристапуваме кон извршување на Светиот  Богојавленски водосвет во сите храмови. Ги повикувам верниците на што помасовно присуство на Светата Божествена литургија. “- истакна  Прилепскиот  Архиерејски Намесник ,Блаже Станкоски

Симболично во Прилеп после Светата Божествена литургија во дворот на црквите се летаат и бел гулаби кон небото, традиција кој останал со векови  како симбол на верата и доаѓањето на духот божји како најава дека започнуваат крстените денови.

Инаку Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно  Законот за празниците на Република Макединја  19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Против тројца прилепчани кривични пријави за „насилство“ и „тешка телесна повреда“

Пела Редакција

Пелагониските општини до 17 ч. бележат поголема излезност од првиот круг

Гордана Цветаноска

Ќе имаат ли Прилепчани повисоки сметки за вода идниот месец?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе