11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Директорот на Мемерниот Комбинат Прилеп Николау си поднесе оставка

Директорот и член на Одборот на директори  на Акционерско друштво за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп, Периклис Николау , си поднесе оставка. Во неговата известувње  до Македонски берзи  се вели дека Г-дин Периклис Николау поднесол оставка поради лични причини,  со 30.01.2019 година ,како датум на престанок на мандатот и работниот однос во Друштвото.

Во целост ви го пренсуваме известувањето преземено од Македонски берзи:

До: МАКЕДОНСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД
СКОПЈЕ
Подносител: Акционерско друштво за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп, со седиште на ул. Крушевски пат бб, 7500 Прилеп и ЕМБС 4058615
Предмет: Известување
Почитувани,
Со ова Известување Ве информираме дека Членот на Одборот на директори – Главен Извршен Директор на МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп, Г-дин Периклис
Николау поднесе оставка поради лични причини, со 30.01.2019 година како датум на престанок на мандатот и работниот однос во Друштвото.

Со почит,
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп

Би можело да ве интересира

Човечките ресурси – цврст темел за развојот на Комфи Ангел

Од утре стартува исплатата за обесштетување на сточарите за угинатиот добиток од „јазлеста кожа“

Гордана Цветаноска

Станкоски: 150 години Тутунски Комбинат АД Прилеп – историја со предизвици и големи успеси

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе