10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Ако барате рабата, огласи за вработување во администрација

Ако барате работа, објавени се повеќе огласи за работа во јавниот сектор. Регулаторната комисија за енергетика вработува 4 стручни лица за плата во висина од 47.000 до 54.600 денари. Таму недостига стручен кадар

Министерството за информатичко општество има 9 отворени огласи за работа,за плата до 36.000 денари.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, вработува помлад соработник и раководител за месечен надомест во износ од 22.500, односно 28.300 денари.

Државниот пазарен инспекторат објави оглас за вработување на вкупно 16 лица во повеќе градови. Најниската плата е 15.700, а највисоката 25.000 денари.

Двајца соработници се потребни во Секретаријатот за законодавство во Владата за месечен надомест од 21.000 денари. Министерството за локална самоуправа вработува вкупно 4 лица за плата до 28.300 денари.Двајца соработници се потребни во

Советник бара и Националната агенција за европски образовни програми.

Преземено од фактор.мк

Би можело да ве интересира

Објавен јавен повик од ИПАРД III програмата

Пела Редакција

Витаминка во Париз на саемот СИАЛ

Гордана Цветаноска

Витаминка на саемско претставување на Ануга 2023 во Германија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе