3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мечкарите и Џумаларите ќе ја потврдат светската културна вредност?!

Во пресрет на 18 тиот по ред Меѓународен карневал Прочка денеска се одржа конститутивен состанок на координативното тело на FEEC, Меѓународна асоцијација на карневалски градови, каде што припаѓа Прилеп од 2006 та година. Се избра претседател и потпретседатели од сите карневалски градови од А категорија (Прилеп, Струмица и Кавадарци), како и почесен претседател. Разликите меѓу карневалите во Македонија се придобивка, зашто како што вели Цицимов, не е целта да бидат сите исти како конфекција, туку секој да си ја сочува својата традиција.

 

– Не ги запоставувајте вашите традиционални Мечкари, затоа што тие се големо богатство на Европа и се повеќе добиваат на значање. Може Прилеп и Кавадарци да направат уште поголем исчекор со традиционалните маски, еве нашите пријатели во Словенија и Хрватска веќе ги подигнаа на ниво на заштитени групни маски преку УНЕСКО. Тоа го дадов предлог и кај градоначалникот во Кавадарци, а тоа го давам и како предлог кај вас, сите заедно да поведеме постапка, за овие наши раритети, како што се Мечкарите и Џумаларите да ги подигнеме на културна вредност на целиот свет. Ако заедно работиме, навистина и досега ја претставувавме Македонија, а сега како организирана структурирана секција, која добива повисоко ниво во интернационалниот борд, мислам дека сеуште ќе ја презентираме Македонија на уште повисоко ниво, вели Александар Цицимов, почесен претседател, член на Интернационалниот FEEC и долгогодишен претседател на организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

До новото издание на прилепскиот карневал останува уште 1 месец, а градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски најави уште една интересна и колоритна манифестација.
– Карневалот Прочка 2019 година ќе допринесе за промоција на градот воопшто, за туризмот, како алтернативен или карневалски туризам, што се повеќе и почесто го има во земјите во светот. Општина Прилеп заедно со Здружението „Прилепски мечкари“ ќе биде на нивото на задачата успешно да го организира овој карневал и да им понуди инвентивни, колоритни, групни и поединечни маски, за на крајот сите да бидеме задоволни и во иднина се повеќе да има присутни и гости на овој карневал, рече Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.
Координативното тело го избра Ѓорѓи Пелтекоски за претседател на FEEC Македонија кој ќе ги претставува трите карневалски градови во светот, за потпретседатели се избрани: Ванчо Ристов од Струмица, Ванчо Георгиев од Прилеп, како и Масаја Митев од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Одбележани 62 години од смртта на Ченто, опозицијата обвинува за лицемерие на власта

Гордана Цветаноска

Тодоровски: Ја користиме секоја можност децата да се вратат во градинките

Гордана Цветаноска

Прилеп во духот на хуманоста ќе ја чествува градската слава

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе