11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПРОМОТОРИТЕ НА БОРЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ

Деновиве во Прилеп во посета на боречкиот клуб “Седми Мај“- Прилеп беа претставници од боречката федерација на Македонија , промоторите и легенди на борењето во Македонија , Зоран Шоров и Дејан Богданов кој воедно е и потпретседател на федерацијата.

Целта на доаѓањето на претставниците од федерацијата пред се беше да ја проследат формата на репрезентативците Стефан Стојаноски и Барбара Стојкоска како и да ги видат условите во кои работи клубот и каде тренираат членовите на прилепскиот клуб.

Покрај Зоран Шоров како промотор се појавува и Шабан Сајдиу кој веќе го посети и клубот од Кичево а покрај овој регион , боречката федерација на Македонија и нејзините промотори имаат за цел , посета на сите клубови запознавање со условите во кои работат клубовите , што недостасува од страна на опрема и што треба да се направи во иднина а да  можат во нормални услови да се реализираат тренинзите на клубовите.

Како што велат од Седми Мај Прилеп , моментално имаат најслаби услови за да ги реализираат сите активности а редовно од сите генерации седум – осум години наназад вадат борачи кои бележат одлични резултати како на домашна и меѓународна сцена , така и во репрезентативниот дрес.

Автор:Никола Димески

Би можело да ве интересира

По шести пат „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

Се испотепаа кошаркарите на Прилеп (Мега Баскет) и Тетово (Тетекс)

„Домашниот терен“ не е гаранција за победа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе