12.3 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Ќе добиат ли сточарите фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата?!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на новата програма за рурален развој за оваа година предвидува средства за 50 фотоволтаични колектори кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија и поддршка за водопоила за бачилата.

Дополнително, во програмата за финансиска поддршка за 2019 година зголемена е поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари.

МЗШВ во моментот работи на  оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, по огласот до 3 хектари  се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над 3 хектари се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Би можело да ве интересира

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Украс на Прилеп – парковите на ООУ “Климент Охридски”

Гордана Цветаноска

Прилепчанецот Оливер Димитриоски на чело на РК Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе