5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Мартинки за среќа во знак на доаѓањето на пролетта

Месец март ја најавува пролетта, а 1-ви март, се слави како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината.

Во чест на месец март и доаѓањето на пролетта се носат црвено – белите мартинки кои се направени од конец и се носат на рака.

Велат дека подарена мартинка е знак за топло пријателство и среќа. Постојат различни обичаи кога станува збор за традиционалното подарување на мартинка.

Сигурно кога сте биле помали сте носеле мартинка. Најчесто мартинка плетат бабите и им ја врзуваат на своите внуци, а се носат за здравје, среќа, плодност и долг живот.

Таа се прави со испреплетување на бел и црвен конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност. Мартинката се подарува на првиот ден од месец март, во чест на Баба Марта. Истата се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво (според некои верувања додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк). Потоа се закачува на него со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски. За жал традицијата полека се губи, па многумина не го знаат овој интересен обичај.

Би можело да ве интересира

Утре е Воздвижение на Чесниот крст- Крстовден

Денеска е Св.Илија, пророкот кој пали и гаси на небото и земјата

Елизабета Филипоска

Искреноста, водилка кон целта, интервју со Ксенија Деспотоска, блогерка, инфлуенсерка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе