13.2 C
Прилеп
понеделник, 5 мај, 2025
Пела Радио

Четири фудбалерки од ЖФК Деспина во сениорската репрезентација на Македонија

За престојниот квалификациски натпревар на Македонската женска фудбалска репрезентација против репрезентацијата на Франција, селекторот на женската фудбалска репрзенација на Македонија Кирил Изов, повика четири фудбалерки, членки на ЖФК Деспина .

Во составот на женската фудбалска репрезентација се најдоа : Кате Милеска, Даниела Велеска, Јана Чубриноска и Верица Колеска.

Квалификациониот натпревар за ЕП ќе се одигра на 22-ри септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. За женска фудбалска репрезентација на Македонија ова ќе биде шестиот натпревар од тековните квалификации. Селекцијата оствари победа против Казахстан, а запиша четири порази во пресметките против Србија и Австрија.  Франција во досегашните два меча има постигнато две победи.

Би можело да ве интересира

Прилепските џудо тренери се усовршуваа во соседството

ФК ПОБЕДА ВО 70-те – ГУБЕА 1:0, ПА ПОБЕДИЈА 8:1

Елизабета Филипоска

Како Победа ќе го пречека Шкупи?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе