9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Џудо ветераните одржаа едукативен тренинг

Изминатиов викендот во Битола, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, предводена од Ѓуро Илиќ (6 дан) и селекцијата на ветерани при федерацијата предводена од селекторот Киро Здравески се одржа едукативен тренинг.

Претставниците на ДАН-комисијата одржаа едукативна презентација на техниките содржани во програмата за полагање за мајсторски (ДАН појаси). Претставниците од ветераните презентираа свои видувања и начини на изведување на некои џудо техники.

Оваа соработка има интенција да продолжи и во иднина по другите џудо центри, со единствена цел анимирање и вклучување на се повеќе џудисти и симпатизери на џудо спортот чиј што развој бележи нагорна линија. На овој настан беа приситни џудо ветерани од клубови: Пелистер Битола, Сеишин, Санкаку, Прилеп од Прилеп, Гладијатор Кочани и Рудар М. Каменица.

Би можело да ве интересира

ЛОИ започна – во кои денови ќе се натпреваруваат македонските спортисти?!

Елизабета Филипоска

МНОГУ НОВОСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ОД ПОБЕДА

Елизабета Филипоска

“Tuning Car Show” во Прилеп – несекојдневна автомобилска глетка за уживање (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе