29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

МНОГУ НОВОСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ОД ПОБЕДА

Од фудбалскиот клуб Победа најавија дека за сите новости ќе излезат пред јавноста најдоцна до крајот на идната недела, но кај навивачите, разбирливо, нема трпение. Тие прашуваат дали за нов шеф на Стручниот штаб е назначен Црногорецот Славољуб Бубања (според објава на некои портали) или на тоа место останува битолчанецот Димитар Капинковски? Има и други прашања – дали остануваат најдобрите првотимци, има ли нови играчи – засилувања (се зборува за доаѓање на Африканец), има ли заминати од клубот, кога стартуваат подготовките за новото првенство, до каде се преговорите со компаниите, потенцијални финансиери?

Тренерите и фудбалерите се на одмор од 14 мај, веднаш по завршувањето на претходното првенство.

преземено:shampion.mk

Би можело да ве интересира

БК АС е повторно во врвот на македонската младинска боксерска лига (ФОТО)

Никола Димески

ВЕЧЕРВА Е БОРБА ЗА ПЕХАРОТ

Џудистите од Сеишен од Косово си дојдоа со грст медалји

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе