18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

ДУРИ 27 МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧИ ЌЕ НАСТАПАТ НА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ „ПИВОФЕСТОТ 2022„

Се „крчка Пивофестот во Прилеп. Речиси се’ е подготвено за најголемата фестивалска манифестација на пиво и скара во Македонија.   „Пивофестот 2022 Прилеп“, кој по две години пауза повторно ќе стапи на сцена во градот под Марковите кули, оваа  година ќе понуди најмасовна музичка забава,  со вкупно 27 изведувачи, музички групи и музички естрадни самостојни уметници,  кои во четиридневното одржување на манифестацијата ќе се појават на бината на Пивофестот 2022, што ќе се одржи  од 14 до 17 јули во центарот на Прилеп.

На 14 јули, во четврток ќе настапат најмногу, дури 9 изведувачи , пејачи и бендови : Елена Петреска, Балканика бенд, Нино Величковски, Ален Хасновиќ, Наум Петрески, Љубојна , ДНК, Оркeстарот Џамбо Агушев и групата  Boca Conga.

.

На 15 јули, во петок, ќе настапат 5 музички изведувачи, главно музички групи : Нокаут, Brass Brothers, Ареа, Дивље Јагоде и Игор Џамбазов & Гуру Харе.

На 16 јули, в сабота, на Пивофестот 2022 г. ќе учествуваат 6 музички ѕвезди: Ламбе Алабакоски, Лозано, Next Time, Владо Јаневски, Вера Јанковиќ и Суперхикс.

На 17 ти во недела, на завршната вечер ќе настапат 7 изведувачи : Миле Кузманоски, Четкар, Елена Велевска, Меморија, Темпера, Никола Зацевски, и групата Галија.

Се’ на се’ , богата музичка манифестација со 27 изведувачи за 4 дена забава „Пивофест 2022“ – објави организаторот на неговата официјална Фејсбук страна https://www.facebook.com/pivofest2022

пивофест 2019 

Како потсетување, годинава организатор на забавната програма на Пивофест е Арт 10 продукција. Првиот  човек на продукцијата, Пеце Стоикоски, пред една недела за порталот ,,Фокус” изјави дека годинава македонските  пејачи имале разбирање за тешката економска состојба, па затоа излегле со разумни цени. Хонорарите кои ги барале за настап на Пивофест изнесувале од 1.000 до 10.000 евра.

Би можело да ве интересира

„Убавите жени“, поетско пладне посветено на Блаже Конески во Градската библиотека

Гордана Цветаноска

Храм Св.Петка: прогласувањето на победниците од Божиќниот конкурс“ в понеделник, на 6ти јануари

Пела Редакција

„Секој заслужува втора шанса“ промотивно видео во продукција на Радио Пела за проектот “Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица”

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе