15.4 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Среќен пат мили птици! (ВИДЕО – ФОТО)

Секое утро, рано, по изгревање на сонцето, во потрага по храна и дружба, јатото штркови се гостеваше на ширинката во село Мало Коњари, родното место на Силјан Штркот. Грациозно, како што само тие знаат, внимателно ги одбираа инсектите и по некоја жаба, уживаа во првите сончеви зраци, довикувајќи се со препознатливата песна со штракање на клуновите.

 

Но, денеска беше нивниот последен доручек. Секоја година на Свети Пантелејмон, како што налага времепловот и природата, штрковите ги напуштаат нашите краишта, а бараат потопли и посончеви на африканскиот континент.

 

Можеби пандемијата беше причина ( поради отсуството на авионски сообраќај) годинава да ги има во поголем број од вообичаеното во селата.  Присутни се во Пелагонија, краиштата каде има вода, чиста природа, без загадување и бучава. Тие се симбол на здрава средина, и се широко прифатени од домаќините на чии што куќи имаат гнезда.

 

Според преданијата, штрковите носат среќа, доаѓаат на пролет во истите  гнезда каде биле претходната година. Штрковите се моногамни птици, живеат во парови, тие се лојални меѓу себе и грижливи за своите потомци.

Да им посакаме среќен пат и до година повторно да бидат меѓу нас во уште поголем број!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) најдиме.орг.мк – поддршка за пријава и потрага по исчезнати лица

Гордана Цветаноска

Хуманост на дело – донација на Аптеки ВИВА ФАРМ 2005 за Здружението Надеж Надеж

ДА ПОМОГНЕМЕ! Поради не навреме поставена дијагноза, Петар добил сколиоза за која е потребна хирушка интервенција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе