ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Економскиот факултет Прилеп одбележа 60 години од постоењето

1.663

Со интонирање на македонската и универзитетската химна, во присуство на претставници од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола, претставници од други научно образовни институции, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, пратеникот Миле Талевски, претставници од бизнис секторот,  студенти, денеска, Економскиот факултет го одбележа 6 децениското постоење. Една од најстарите прилепски научно образовни институции гордо чекори на патот од развојот и предизвиците на новото време.

– Шест деценискиот успешен развој на фактултетот претставува потврда за неговиот институционален капацитет, да едуцира и профилира кадровски потенцијал согласно развојните потреби на земјата и конкурентските предизвици во глобалното опкружување. На Економскиот факултет во Прилеп  во изминатиов 6 децениски период дипломираа 7 илјади 385 студенти, магистрираа 448 студенти, и докторираа 87 студенти и сите тие претставуваат носители на развојот на нашата земја, регионот и пошироко, напомена во своето излагање деканот на Економскиот факултет проф. др Драгица Оџаклиеска.

Економскиот факултет  перманентно се развива во наставно образовниот процес, научно истражувачката работа и програмската ориентација во огласност со националниот и општествено економскиот развој, преку следење на современите научни достигнувања.

– Станува збор за еден од пионерите во високообразовната едукација во областа на економските науки, со завидна репутација во академските и стручните кругови во земјата и пошироко. Факултет кој што убедливо претставувал и сеуште е своевидна авангарда, генератор на знаења, вештини и позитивни општествено економски процеси, несебично давaјќи го својот придонес во обликувањето на научната мисла преку интензивната образовна и истражувачка работа, преку вмрежувањеи градење партнерства со бизнис секторот, локалните власти и опкружувањето воопшто, потенцираше ректорот на Универзитот „Свети Климент Охридски“ проф-др Сашо Коруновски.

Но, „Прилеп и Економскиот факултет паметат и подобри времиња“, рече во своето излагање, честитајќи го јубилејот, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

– Времињата кога амфитеатрите и предавалните во факултетот беа преполнети со студенти. Кога градот беше Македонија во мало, исполнет со студенти од сите краишта на нашата земја. За жал Прилеп и Економскиот факултет го платија данокот на грешните политики во образованието и на неоправданото отворање факултети во секое населено место во Македонија. Се надевам и верувам дека работите полека ќе се дојдат на свое место, дека нашиот град и овој факултет повторно ќе бидат главниот фокус и првиот избор на идните економисти од целата држава, рече Јованоски.  

Епитетот најдобар студент за учебната 2010/20 година го понесе Катерина Шулеска која дипломирала со највисоки оценки 10.00 и со право претставува гордост на Економскиот факултет. Манифестацијата беше прилагодена на Ковид 19 мерките од пандемијата и се одржа во холот на факултетот.

Економскиот факултет-Прилеп е основан 1960 година, односно тој е наследник на Вишата и подоцна Високата економска школа. 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе